Jazz Inn

Од 09.05.2025 - 22:00 до 10.05.2025 - 01:00

Џез Ин продолжува со пракса на носење млади, но веќе афирмирани имиња од домашната џез сцена. Во петок, 9 мај, концерт ќе одржи квартетот на Симеон Ангеловски, кој го сочинуваат Иван Иванов, саксофонист, Давид Горгиев, тапанар, Андреј Петровски, гитарист и Симеон Ангеловски, басист.

„Симеон Ангеловски квартет” е музички проект основан во 2023 година. Репертоарот се состои од оригинални композиции чиј автор е Симеон Ангеловски. Покрај тоа, бендот изведува и дела од познати светски артисти и композитори, како и адаптации на традиционални македонски теми, специјално приспособени за звучниот идентитет на квартетот.

Материјалот под наслов „Промени“ (Changes) претставува музички израз на целото досегашно искуство на басистот и композитор Симеон – фузија на џез, афро и соул звуци преточени во нова музика. Квартетот е составен од џез-музичари чија заедничка идеја и пасија е љубовта кон музиката до сите нејзини убавини и мистерии низ кои, преку овој квартет, заедно патуваат, се забавуваат и создаваат.

Покрај својот џез квартет, Симеон Ангеловски на македонската музичка сцена е познат и како фронтмен на етно џез групата Калата, а во Џез Ин веќе има настапувано како дел од екипата на Дина Јашари.

Картите за концертот на „Симеон Ангеловски квартет“ по цена од 400 денари, може да се купат во Џез Ин, или да се резервираат на телефонскиот број 078/201-491.

OhridNews