Аргентинскиот стратег на клупата од Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не го криеше задоволството по ремито со Барселона на Ноу Камп во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на Шампиони.

Погодокот во гости, а пред се домашниот терен ќе бидат од голема предност за „јорганџиите“ пред реванш натпревар со Барселона.
– За реванш натпреварот незнам што да кажам освен дека двете екипи имаат уште шанси за пласман понатаму. Но, едно знам дека „Винсенте Калдерон“ ќе гори в среда а тоа треба да го искористат моите фудбалери – додаде Симеоне.
На првиот осминафинален натпревар се повредија Диего Коста и Жерар Пике, но сеуште не се знае колку ќе шаузираат и дали ќе бидат подготвени за повратниот дуел.
Мх.П.











