Аргентинскиот стратег на клупата од Атлетико Мадрид, Диего Симеоне не го криеше задоволството по ремито со Барселона на Ноу Камп во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на Шампиони.

– Моите играчи имаат големо срца, горд сум на нив. Одигравме можам да речам перфектен натпревар и многу сум среќен. Посебно морам да ги пофалам Диего и голманот Куртоа кои имаа фантастичен натпревар – рече Симеоне.

Погодокот во гости, а пред се домашниот терен ќе бидат од голема предност за „јорганџиите“ пред реванш натпревар со Барселона.

– За реванш натпреварот незнам што да кажам освен дека двете екипи имаат уште шанси за пласман понатаму. Но, едно знам дека „Винсенте Калдерон“ ќе гори в среда а тоа треба да го искористат моите фудбалери – додаде Симеоне.

На првиот осминафинален натпревар се повредија Диего Коста и Жерар Пике, но сеуште не се знае колку ќе шаузираат и дали ќе бидат подготвени за повратниот дуел.

Мх.П.