Напаѓачот на Арсенал, Холанѓанецот Робин ван Перси, го израмни клупскиот рекорд, според бројот на постигнати голови, во една календарска година. Ван Перси на натпреварот со Астон Вила, го постигна 34-от гол годинава, со што се израмни на вечната листа во Арсенал, со Тиери Анри.

„Голема е чест што израмнив рекордот на Анри, затоа што тој е најдобриот играч со кого сум играл во Арсенал. Мислам дека пресудно беше тоа што не пропуштив ниту еден натпревар сезонава и што играв по 90 минути на секој меч“, рече Ван Перси.

Ван Перси сè уште е во игра да го престигне премиерлигашкиот рекорд, чиј
сопственик е Алан Ширер, тој 1995 година ја заврши со 36 постигнати
голови.

Аргентинецот, Диего Пабло Симеоне, официјално е промовиран во нов тренер на Атлетико Мадрид. Симеоне со „јорганџиите“ договори соработка до јуни 2013 година.  Симеоне на клупата на Атлетико Мадрид ќе го замени Грегорио Манзано, кој доби отказ поради серијата на лоши резултати, а капката ја прели елиминацијата во купот од Албасете.

Аргентинецот, како активен фудбалер, во два наврати беше играч на Атлетико (1994-97 и 2003-05). Шпанските медиуми во изминатите денови за нов тренер на Атлетико лицитираа со имињата на Радомир Антиќ, Луис Арагонес и Милинко Пантиќ, но предност пред сите нив доби Симеоне, кој со тренерската работа започна да се занимава во 2006 година.

Во својата куса тренерска кариера Симеоне бил предводник на аргентинските екипи Естудијантес, Ривер Плата, Сан Лоренцо и Расинг, од каде замина пред неколку дена, како и на калчолигашот Катанија.

“макфакс“
Ohridnews