Поранешниот репрезентативец на Аргентина Диего Симеоне повторно е тренер на Расинг од Авиланеда, предградие на Буенос Аирес. Расинг ја заврши лигата на 15 место, па тренерот Мигуел Рус мораше да си ги спакува куферите. Симеоне во Аргентина беше тренер на Ривер Плата, Естудијантес и Расинг, а пред да се врати во Аргентина ја водеше Катанија во италијанското првенство.


Управата на Јуве одлучи да ги откупи договорите на позајмените фудбалери кои лани го носеа дресот на најтрофејниот италијански клуб. . Така, на Каљари за Алесандро Матри му се исплатени 15 милиони евра, на Наполи за Фабио Кваљарели 10,5 милиони евра, а на Удинезе за Симоне Пепе 7,5 милиони и за Марко Мота 3,75 милиони евра. Јувентус првенството го заврши неочекувано ниско, на седмото место, па пред потпишувањето со овие четворица фудбалери ги доведе и Андреа Пирло и Рет Циглер.


Бразилецот во дресот на Волфсбург Диего Рибас Да Куња е казнет со 500.000 евра поради тоа што ја напушти екипата во 34 коло од годинешново првенство, откако дозна дека не е меѓу стартните 11 фудбалери. Износот е рамен на неговата месечна заработувачка. Тренерот Феликс Магат не смета на него во новото првенство и доколку никој не ја плати цената од 10 милиони евра со која е ставен на трансфер листата Диего ќе игра за втората екипа на Волфсбург која се натпреварува во 4 германска лига

извор Макфакс
Ohridnews