Во рамки на фестивалот Охридско лето, концерт синоќа одржа легендарниот  бенд „Леб и сол“, во придружба на младите музичари на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија. Првично концертот беше закажан за предворје на Св. Софија, но поради временските прилики, превентивно беше преместен во Центарот за култура. Тоа не беше пречка за извонредните музиучари да им пружатвистинско уживање на фановите кои уживаа во изведбата на безвременските теми на „Леб и сол“.


Од концертот на „Леб и сол“ синоќа во Центарот за култура во Охрид

OhridNews
Фото:ЕМИЛИО