Симиќ го “реши“ МЗТ Скопје
19.02.12 21:17
Лирија го совлада МЗТ Скопје со 88-85 на гости во “Јане Сандански“ во последниот натпревар од четвртата рунда од кошаркарската Суперлига.
Јунак на мечот беше Тони Симиќ кој со 29 поени беше најпрцизен во тимот на Лирија, кој им го нанесе првиот пораз сезонава на металците на домашен терен.
По четири одиграни рунди, на табелата води Фени Индустри, МЗТ е втор на табелата со бод помалку, трет е Торус, а четвртопласирана е екипата на Лирија.
Наредната петта рунда го носи дербито меѓу Мзт Скопје и Фени Индустри.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










