Познатиот македонски пијанист, Симон Трпчески, ќе ја има честа да го отвори годинешното, јубилејно издание на фестивалот Охридско лето. Како што OhridNews неофицијално дознава, организаторите на фестивалот одлучиле 50- то издание да го отвори македонски изведувач. Во тек се преговори за тоа кој ќе го придружува Трпчески, дали тоа ќе биде Кралската филхармонија од Лондон или пак од Русија. На крај од овој месец се очекува да биде комплетирана годинешната програма на фестивалот по што и официјално ќе и биде презентирана на јавноста.
според најавите Симон Трпчески ќе го отвара Охридско лето
Од Дирекцијата на фестивалот велат дека не можат да ја потврдат информацијата на OhridNews, но не ја демантираат.
–Се ќе биде дефинирано на седницата на Управниот одбор во Скопје деновиве, велат од фестивалската управа.
Подготовките за јубилејното издание на Охридско лето се во полн ек. Покрај еминентни музички и театарски имиња, во Охрид се очекува да допатуваат и првите луѓе на Европската асоцијација на фестивали, како и претставници на познати европски фестивали. По повод 50-годишнината од постоењето на Охридско лето ќе биде отпечатена поштенска марка, а предвидени се и голем број пропратни манифестации.
Блесна градскиот плоштад со најубавиот украс на градот – Божиќната пештера, симбол на Витлеемската пештера во која се роди Исус Христос Охрид е во завршни подготовки за свечениот дочек на Христовот...
На 24122025 во 03:00 часот на улица „Сирма Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 20-годишно лице од Охрид Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил пакување со ...
Во новогодишен амбиент, во дружење, игра и забава, најмладите членови на Црвен крст Охрид, децата кои ја посетуваат едукативната програма за подготовка на деца за во училиште „Полетарче“, во присус...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.