Категорично ги отфрлам неоснованите, исфабрукивани манипулации и лаги од неквалификувани “стручњаци“ кои имаат за цел да ја оцрнат мојата личност, работата на секторот, работата на општина Охрид и кои сакаат да ги искористат истите за ефтини политички поени во кампањата за градоначалник на град Охрид, стои во реакцијата на раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Гоце Симоноски, а во врска со денес одржаната прес- конференција на општинската ВМРО- ДПМНЕ.

– Ве молам во иднина Вашите сензационални соопштенија со произволни тврдења кои се во спротивност со кодексот на објективното информирање, погазувајки го начелото за пресумција на невиност и поигрувањата со судбината на луѓето, да ги насочите како што прилега, кон политички субјекти, а не кон професиналната администрација, се наведува во реакцијата на Симоноски.

OhridNews