Со решение на Mинистерството за култура за директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, повторно е назначен Горан Симоноски. Денес го добив решението од Министерство за култура и продолжуваме да работиме домаќински во склоп на сите законски процедури, вели Симоноски.

Конкурирав на објавениот конкурс од Министерството за култура и Комисијата одлучила повторно да ме изберат мене, претпоставувам врз основа на информациите за мојата двегодишна работа претходно, за постигнатиот успех и добрата финансиска кондиција во која ја оставив институцијата. Успехот беше забележителен во сите области тетатрот, издавачката дејност. Денес стигна решението и продолжуваме понатаму да работиме на проектите од овогодинешната Програма која веќе е одобрена од Министерството за култура за тековната 2022 година, вели Симоноски.

Симоноски функцијата директор на Центарот ја извршуваше во периодот од 2019 година до пред околу четири месеци, кога од лични причини поднесе оставка, а за вршител на должноста директор беше именуван Илче Климоски.

Н.С.Ј.