Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец јули 2025 год. која изнесува 65.328,00 денари е зголемена за 179,00 денари.

Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 2.816,00 денари односно за 4,49 %, додека кај вредноста на храната и пијалоците има зголемување за 2.584,00 денари односно за 12,09%, соопштуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија

Од ССМ посочуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати за месец август изнесува 80.882,00 денари. Вредноста на Синдикалната минимална кошница за храната и пијалоци, за оние 63 производи кои ги следи Синдикалната минимална кошница за август 2025 изнесува 24.064,00 денари споредена со јули 2025 година (23.682,00 денари) е зголемена за 382,00 денари, кај облеката и обувките е намалена за 114,00 денари, кај лична хигиена има намалување од 73,00денари и кај транспортот е намалена за 16,00 денари.

OhridNews