На синдикалниот протест што во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), ќе се одржи утре во Охрид ќе учествуваат и членовите на Синдикатот од Кичево, најави кичевскиот Регионалниот синдикален совет.
Протестот што ќе се одвива низ охридските улици, а ќе почне во осум часот, ќе го поддржат и синдикалците од Дебар и од Струга.
Синдикатот е незадоволен од измените во Законот за работни односи зашто смета дека со нив работничките права ќе се влошат наместо да се подобрат.












