Синдикатот на полиција во Македонија од Владата и од министерот Оливер Спасовски бара да воведат додаток за вработените во полицијата за борба против коронавирусот, бидејќи, како што посочуваат оттаму секојдневно се изложени на висок ризик од зараза.
Вработените во полицијата секојдневно се изложени на висок ризик од зараза поради контактите со голем број луѓе. Тука ќе наброиме секојдневна посета на сите граѓани кои се во изолација кои се контролираат дали ги почитуваат мерките, секојдневните контроли на пунктовите, сложените задачи кои ги извршуваат работниците на специјалните единици во полицијата. Тоа е така затоа што работниците во Полицијата покрај медицинскиот персонал се најекспонираните на теренот при справување со кризата, велат од Синдикатот.

Сметаме дека во досегашното работење оваа грешка е ненамерно направена и веќе на наредната владина седница грешката ќе биде исправена, велат од Синдикатот на полиција во Македонија.
OhridNews











