Сингапур: Повеќето новозаразени се вакцинирани, со полесни симптоми
23.07.21 12:20
Три четвртини од инфекциите со коронавирус во Сингапур во изминатите четири недели се појавиле кај вакцинирани лица, а меѓу нив нема потешки случаи на Ковид-19, покажуваат владините податоци додека трае забрзана кампања за имунизација.
Во Сингапур, каде живеат 5,7 милиони луѓе, вакцинирани се речиси 75 проценти од населението. Според западните медиуми, таа е втора земја по стапка на спроведена вакцинација, зад Обединетите Арапски Емирати. Половина од населението во Сингапур е целосно вакцинирано. Во изминатите 28 дена, земјата забележа 1.096 локални преноси на коронавирус. Од нив, 484 или 44 проценти се случиле кај целосно вакцинирани лица, 30 отсто од заразените биле делумно вакцинирани, а 25 проценти од новоинфицираните не биле имунизирани.
Регистрирани се само седум случаи со потешка форма на болеста, што барало лекување со кислород; шест од нив не биле вакцинирани, а едно лице е делумно вакцинирано, соопшти Министерството за здравство.
Постојат докази дека вакцината придонесува за спречување на тешки форми на болеста, соопшти Министерството, додавајќи дека оние кои биле целосно вакцинирани и се заразиле имале или полесни симптоми или воопшто немале симптоми.
Експертите посочуваат дека појавата на инфекција кај вакцинираните не значи дека вакцините не се ефикасни.
Податоците покажаа дека во последните 14 дена, процентот на новозаразени вакцинирани лица на возраст над 61 година изнесува околу 88 отсто, што е поголем процент на инфекција отколку кај помладата популација.
Охридскиот регион како светско културно и природно наследство има исклучителна универзална вредност за нас, порача министерот за транспорт Александар Николоски од Париз На средба во седиштето на УН...
Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО го распишаа конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2026 за најдобра дебитантска книга од млад автор Ко...
Под насловот „Осмели се, инспирирај, промени – политичкиот интегритет низ очите на младите“ платформата за одржлив развој „Лице в лице“ утре во Струга во просториите на Europe House во Струга ќе о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.