Српскиот стручњак на кормилото од Болоња, Синиша Михајловиќ ја одбележа првата рунда од новата сезона во италијанската Серија А. Михајловиќ кој активно се бори со болеста леукемија која му беше дијагностицирана пред месец дена одлучи да ја предводи екипата од клупата на стартот од шампионатот.

Честитки за неговата храброст и одлучност, Михајловиќ доби од цела Италија а фудбалерите не го „поштедија“ играјќи трилер реми (1-1) со Верона на гостински терен. Михајловиќ, веднаш по објавувањето на информацијата најави дека ќе се бори за него и за семејството и за сега добро му оди, бидејќи успешно ја поминал првата фаза од терапијата.

  • Вистински не изненади неговата одлука да дојде и да ја предводи екипата неполни 24 часа после напуштањето на болницата. Комунициравме со него преку видео и ни кажуваше дека нема да дојде на првиот меч. Неговото присуство ни даде дополнителни мотови да изиграме храбро реми со екипата на Верона. – изјави фудбалерот на Болоња, Рикардо Орсолини.

Во првата рунда победи забележаа Јувентус и Наполи совладувајќи ги Парма со 1-0 односно Фиорентина (4-3) а пораз претрпе Милан (1-0) на гостувањето кај Удинезе. Интер и Лече вечерва со дуелот на Џузепе Меаца ќе стават точка на премиерното коло во „калчото“.

OhridNews