Откако е извесно дека Леонардо си заминува од клупата на Интер италијанските весници се бавеа со можниот негов наследник.


Се споменуваа имињата на Биелса, Делио Роси, Дунга, Зико, Анчелоти. Но, како последен а можеби и најверојатен наследник на Леонардо се споменува Синиша Михајловиќ.

Според италијанските медиуми Морати сакал да го доведе уште минатата година кога Михајловиќ со Катанија го понижи Интер на Сицилија (3:1).

Во прилог на овие тврдења е и договорот на Михајловиќ со Фиорентина кој што беше склучен на 1+1 година, а Фиорентина веќе бара нов тренер.

“извор Макфакс“
Ohridnews