Навивачите на Челси незадоволни од моменталните резултати на клубот побараа од рускиот магнат Роман Абмрамович и италијанскиот стратег Карло Анчелоти да го напуштат клубот.


Анчелоти не беше премногу загрижен за трансперентот. – Што имаше еден транспарент. Само еден, тогаш тоа не е проблем, лесно ќе се справиме. Во Италија вакви транспаренти ги има по илјада, е тогаш е проблем да се справиш со илјада – коментираше Анчелоти.


По доаѓањето на Роман Абрамович клубот три пати ја освои Премиер Лигата, три пати го освои Карлинг купот, два пати ФА купот и два Черитишилд трофеи. Пред ерата на рускиот магнат Челси имаше една титула и тоа во далечната 1955 година.

Ohridnews