Холандскиот стручњак Гус Хидинк ја забележа првата победа во Челси по презематањето на менаџерската фунцкија од Жозе Мурињо откако неговите избраници со 3-0 го совладаа составот на Кристал Палас.
„Сините“ на Селхурст стадионот го одиграа најдобриот натпревар сезонава контролирајќи се од почетокот до крајот.
Во првиот дел гостите од Лондон поведоа со голот на Оскар по несебичната асистенција на Диего Коста.
Стрелецот на првиот погодок асистираше за Вилијан кој ја дуплираше предноста, а Диего Коста стави печат на победа со погодокот во 66-та минута.
Со трите бодови фудбалерите на Челси ќе се искачат две позиции на табелата и со 23 поени се наоѓаат на 14-та позиција.
Ohridnews