
Во моментов дистрибуирани се околу 65 илјади електонски картички. Првично ќе се користат од вработените во јавните и државните институции како и членовите на нивните семејства. Осигурениците, ќе може да ги користат во сите здравствени установи и аптеки, каде се обезбедени минималните услови за работа со картичките.
Цента на здравствената електронска картичка е различна. За вработените ќе чини 250 денари, додека лицата вон работен однос, пензионерите и оние со ниски примања, ќе треба да одвојат 100 денари. Социјалните случаи ќе бидат ослободени од давање надомест, со потврда од Министерството за труд и социјална политика.












