„Црвено белата“ боја е модерна во Лондон, откако фудбалерите на Арсенал со 2-0 го совладаа Челси во 197-та градска пресметка која се одигра во рамките од 23-та рунда од англиската Премиер лига.

„Топчиите“ благата теренска доминиција во првото полувреме максимално ја искористија постигнувајќи два погодоци. Прв мрежата на „сините“ ја погоди Александар Лаказет во 14-та минута. Предноста ја дуплираше капитенот Лорис Кошчиелни во 34-та минута. Челси во вториот дел го притисна противникот но не успеа да постигне погодок и да се врати во игра за поволен резултат.

Арсенал со триумфот над Челси комплетно ја врати неизвесноста за 4-та позиција на табелата но сега двете лондонски екипи имаат сериозен конкурент во името на Манчестер Јунајтед, кој на домашен терен против Брајтон славеше со 2-1 и ја забележа шестата победа во серија.

OhridNews

„Ѓаволите“ не запираат, „црвените“ со пресврт до триумф на Енфилд (видео)