Лидерот на табелата во Премиер Лигата, Челси триумфираше со 2-1 во лондонското дерби против Арсенал.


Грешките и невнимателноста во одбраната “топџиите “ги платија со пораз пред своите гледачи. Прв мрежата ја затресе шпанецот Торес. До крајот на првиот дел Жервињо успеа да го врати Арсенал во игра, а трите бода за “сините“ ги донесе Мата.

Во останатите натпревари Ливерпул ја забележа првата победа сезонава откако со убедливи 5-2 го совлада Норвич.

Резултати : Арсенал – Челси 1-2, Евертон – Саумптентон 3-1, Норвич – Ливерпул 2-5, Фулам – Мен Сити 1-2, Ридинг – Њукасл 2-2, Стоук – Свонси 2-0, Сандерленд – Виган 2-0, Мен Ју – Тотенхем 18:30ч.

Мх.П.