Синоќа во Трпејца во рамките на второто издание на манифестацијата „ На зајдисонце“се одржа Омаж посветен на покојниот македонски уметник – сликарот Димитар Кондовски, човекот кој прв меѓу уметниците им ја откри Трпејца на луѓето од негов ков. По повд 20 годишнината од неговата смрт беше прикажан ТВ портретот посветен за него, своевремено снимен за Македонската телевизија, а веднаш потоа беше отворена изложбата на фотографии дело на неговиот син Филип Кондовски.
Културно – забавното лето „ На зајдисонце“ денеска продолжува со школите за пливање и шах, а за вечер е предвидена вечерна променда „ Со кајче по езерото“ и мини концерт на ученици од ОМУ „Методи Патче“.
Утре претпладне започнува креативната работилница по уметност, која ќе заврши во петок со мини изложба на сработените трудови.Вечерта од 20 часот следува настапот на „Распеани ѓерданчиња“ при КУД Ѓердан од Охрид.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com