Навивачи на Шкендија тврдат дека синот на сопственикот на фудбалскиот клуб Ренова вчера попладне пукал кон навивач на фудбалскиот клуб Шкендија , соопштува полицијата.

Според навивачите на Шкендија, инцидентот се случил околу 17 часот на патот за село Јажинце кон Тетово, кога навивачите на Шкендија ја славеле победата по натпреварот со Ренова. За време на славењето навивачите на Шкендија запалиле дрес на Ренова. Во тој момент дошол синот на сопственикот на Ренова со својот автомобил и почнал да се расправа со навивачите.

Извадил пиштол и го вперил кон дваесет и тригодишно момче. Момчето почнало да бега, при што синот на сопственикот на Ренова испукал еден куршум кон него и заминал со автомобилот. Полицијата трага по синот на сопственикот на Ренова, за да утврди што точно се случувало на натпреварот.

“Извор Мakfaks“
Ohridnews