САД, напуштајќи го Авганистан оставаат оружје и воена опрема во вредност од 85 милијарди долари, напиша на Твитер Доналд Трамп-помладиот, син на поранешниот американски претседател.
Во иднина … воена опрема во вредност од 85 милијарди долари им е оставена на талибанските терористи. Тоа значи дека секој Американец, маж, жена, дете, придонел околу 265 долари за нивната терористичка кауза, врз основа на фактот дека САД е дом на околу 320 милиони луѓе. Браво, демократи! – напиша Трамп јуниор, придружувајќи ја пораката со табела на американскиот ревизорски суд, која укажува на бројот на специфично оружје и опрема.

Покрај тоа, оставени се и 33 хеликоптери Ми-17, 33 хеликоптери Блекхок, 43 хеликоптери МД530, четири воени транспортни авиони Ц130, 23 авиони Ембраер-314, 28 авиони Цесна 208 и 10 авиони Цесна АС-208.
OhridNews











