– Не работи осветлувањето изминативе пет или шест дена, никој не го поправа. Сега брзо се стемнува, мали деца минуваат по улицава во мрак, ни една улична светилка не свети, а ако му се случи нешто на некое дете сите ќе бегаат од одговорност, велат жителите.
При тоа тие бараат осветлувањето веднаш да се поправи.
Од локалната самоуправа објаснуваат дека станува збор за дефект и дека надлежните екипи работаат на негово отстранување. Се очекува во текот на денот дефектот да биде отстранет.