Сиромаштија, невработеност, економска криза, транзиција. Македонските граѓани со години ги мачат основни егзистенцијални проблеми. И додека едни преку ноќ станаа богати, други тонат кон дното. Средина нема. Во време кога социjaлните и економски разлики се се’ поголеми, растат девијантните појави и насилството. Се поголем е и бројот на разбојништва и грабежи. Последниот во низата се случи во еден од најпрометните маркети во градот од каде вооружен разбојник со фантомка на главата си замина со плен од над 90.000 денари. Полицијата сеуште трага по сторителот.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com