Притоа, биле акцентирани можностите за вертикално оценување од страна на непосредното раководно лице на организационата единица, вертикално оценување на раководното лице од лицето што работи за него, како и можностите за хоризонтално оценување на административците од страна на колегите кои извршуваат слични работни задачи.
Оние вработени кои што се во директен контакт со граѓаните, ќе бидат оценети и од граѓаните.
Комитетот донесе препорака да се предложи систем кој го определува оценувањето и тој да биде разгледан на владина седница.
Истовремено Комитетот го разгледа напредокот на државните институции и органи за имплементирањето на системот за размена на документи по службена должност за потреби од значење за граѓаните.
Предвидено е граѓаните во иднина повеќе да не бидат обврзани да ги обезбедуваат дополнителните документи за определена потреба, туку со самото поднесување на иницијален документ, државните институции и органи ќе имаат обврска да ги обезбедат сите останати потребни документи кои ги издаваат други органи и институции.
извор:„Макфакс“