-И тур-операторот“„Корендон“ направи извонредни напори за зголемување на буџетот за рекламирање на Македонија бидејќи мораме тоа да го направиме. Оваа година ќе се работи на принцип на покривање на трошоците, а добивките треба да следат во наредниот период. Сепак туризмот не е гранка каде што се бележат краткорочни успеси, треба да има стратегија и тие успеси понатаму ќе дојдат.-изјави вицепремиерот Владимир Пешевски, кој присуствуваше на свеченоста по повод пристигнувањето на првата група холандски туристи на охридскиот аеродром.
Тој посочи дека програмата за субвенционирање на туризмот годинава ќе опфати 10 до 15 000 аранжмани, а таа ќе се реализира и во иднина, Според Пешевски силната промоција во земјите на Бенелукс придонела за популаризација на Македонија како туристичка дестинација, што предизвикало интерес и кај други тур-оператори.
– На речиси сите популарни туристички сајтови во Холандија може денес да се најде Македонија. Корендон за прв пат изврши фиксен закуп на хотелски капацитети во Македонија што придонесе и други тур-оператори како „Туи“ која е многу позната компанија, под истите услови, кои до вчера беа неприфатливи за неа, да ги прифати, и со домашните хотелиери сега прават договори.-рече Пешевски. Тој посочи дека „Корендон“ е подготвен во јуни да потпише три-годишен договор со домашните хотели, што ќе им овозможи простор за планирање, но и за дополнителни инвестиции во подигање на квалитетот.
Задоволство искажа и претседателот на Хотелската асоцијација на Македонија, Дончо Танески, според кого, хотелиерите покажале несебичност, прифајќајќи да ги примат гостите со услуга ноќевање со појадок, со што се отвора можност за сите ресторани, кафетерии и сите чинители на туристичкиот сектор да бидат вклучени и да добијат дел од колачот.
– Од овој момент натаму останува на жителите на Охрид и Струга да сфатиме дека ова е многу значајно за нашата економија. Потребно е внимание, коректност, издавање на фискални сметки секаде, хигиена и она што само уште ние на Балканот го имаме, позитивен и пријателски дух и сигурно догодина ќе имаме двојно повеќе гости.-рече Танески.
На реализација на аранжманите работеа и амбасадите на Холандија во Скопје и на Македонија во Хаг. Тоа како што истакна холандската амбасадорка Симоне Филипини вродило со плод.
– Ова е резултат на тимска работа на надлежните министерства, „Корендон“, локалните самоуправи, амбасадите на Холандија и на Македонија и на сите инволвирани кои придонесоа за доаѓањето на холандските туристи во Македонија. Тие беа тука во минатото и работевме напорно да ги вратиме повторно, поради што сум многу среќна.-истакна Филипини.
Директорот на „Корендон Интернешнл“ Атилај Услу, најави дека доколку се исполнат нивните очекувања, во иднина ќе го зголемат бројот на закупи на ривиерата.
– Годинава закупивме повеќе од 10.000 кревети, а 6000 веќе се продадени. Ја добивме тука неопходната поддршка од властите и амбасадите во Скопје и Хаг. Доколку се исполнат нашите очекувања и клиентите се задоволни догодина ќе го удвоиме закупот на капацитети.-рече Услу.