Во 7 часот се отворени сите избирачки места, освен гласачкото место во Скребатно, кое што е отворено со мало задоцнување, каде што избирачкиот материјал поради снегот е пренесен со возило на Центарот за управување со кризи.


Започна гласањето

Изборниот процес до овој момент е регуларен без никаков инцидент, а гласачките места ги обезбедува полицијата. Утрово сите членови на Општинската изборна комисија – ОИК, се во обиколка на гласачките места. Комисијата очекува информации од избирачките одбори за излезноста на гласачите во 10, 13 и 16 часот.


Марика Ангелеска

Граѓаните утрово започнаа да доаѓаат на избирачките места. Тие се оптимисти дека изборите ќе минат во фер и демократска атмосфера, во интерес на иднината на Република Македонија.

OHRIDNEWS