Сите четири селекции во Групата А имаат шанса за пласман во 1/4 финалето од Европското првенство. Најизгледни шанси има Русија која во последното коло стартува како првопласирана додека најмали шанси има Грција која е дното од групата со еден бод.

Русија во наредната фаза патува се нерешено. Ако мечот Полска – Чешка заврши без победник “зборнајата“ и со пораз од максимум шест голови патува во наредната фаза.


Чешка во најдобрите осум патува сигурно со победа. Ако чесите ремизираат на мечот со Полска, а Грција триумфира со пет голови разлика на дуелот со Русија тогаш Чешка ЕП го завршува во групната фаза.

Домаќинот на ЕП, Полска и Грција немаат премногу опции за избор пред решавачките натпревари по групи. Само победа ги водат Полска и Грција во 1/4 финалето.

Мх.П.