Со запалени свеќи во рацете,синоќа, во рамки на чествувањата по повод Денот на Патронот на Охрид, голем број охриѓани и гости се упатија кон Свети Климентовата црква на Плаошник каде му оддадоа почит на Првиот македонски архиепископ и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа.

Групното поаѓање кон црквата на Плаошник годинава се воведе како новина во рамки на свеченостите за одбележувањето на празникот, како што претходно истакна претседателот на комисијата за одбележување на празници, Дејан Паноски, со цел да се овозможи сплотување на граѓаните.

Чествувањата продолжуваат денес со поклонение пред моштите на Св. Климент Охридски во Плаошник,со  полагање свежо цвеќе на споменикот на патронот кај ОУ„ Св. Климент Охридски“ и на градскиот плоштад, отворање на фото – изложбата „ Убава Кина“ во организација на амбасадата на НР Кина во РМ и Општина Охрид, потпишување на Повелба помеѓу Општина Охрид и Општина Стар Град Сараево, и свечената академија која ќе се оддржи во Центарот за култура со почеток во 19 часот.

OhridNews