Попладнево во спортската арена “Атина Бојаџи“ , охридскиот кошаркарски клуб Колибри го игра одлучувачкиот меч за третата позиција на табелата.

Противник на охриѓани е скопски Илинден кој има идентичен број бодови на табелата. Во првиот меч во есенската етапа скопјани на домашен терен славеа со 69-58.

Ги повикуваме сите љубители на кошарката и воопшто на спортот во Охрид, да ги подржат младите кошаркарски ентузијасти во желбата и целта да забележат победа и да изборат пласман во Втората лига – велат од “КК Колибри“

Дерби мечот започнува во 17 часот.

М.П.