
– СРЦ Билјани извори ќе ги отвори вратите за сите вистински љубители на спортот, почнувајќи од најмладата популација па се до нивните дедовци и баби – рече на денешната прес конфенрнција в.д.директорот на ЈП Билјани Извори , Иван Цветкоски.
На терените на Билјанини Извори и спортската сала посетителите ќе имаат можност да заиграат фудбал, кошарка, бадминтон, тенис, хокеј на трева, да се пробаат во некоја атлетска вештина, а ќе биде и организиран и меѓународен кошаркаски трунир.
– Покрај охридските екипи, на турнирот ќе учествуваат и гости од јуниорската школа од Нови Сад. На трунирот присутни ќе бидат и кошаркарите на охридскиот АМАК СП кои ќе ги учат децата на некоја “финта“ – вели Гоце Тасески од Сојузот за Училишен спорт.
Покрај презентација на спортските дисциплини кои се негуваат во Охрид, ќе бидат промовирани и здравите начини на живеење а ќе има и презентација на здрава храна.

Утрешната манифестација ќе започне со едноминутно молчење во чест на трагично загинатите Ди Џеј Пантер и Ди Џеј Бруце.












