СРЦ „Билјанини Извори“

Од 20.03.2022 - 14:00 до 20.03.2022 - 16:00

Градско дерби во недела на „Билјанини извори“ помеѓу екипите на Охрид Лихнидос  и Воска Спорт во рамките на 20-то коло од Втората фудбалска лига – Запад.

Екипата на Охрид Лихнидос со 19 бодови се осми на табелата, додека со 42 бода, пет помалку од прворангираниот на табелата, ФК Силекс, екипата на Воска Спорт е на второто место,

Сите заедно да навиваме и да ги бодриме нашите фудбалери од ГФК Охрид Лихнидос. Дојдете да бидеме во што поголем број на новата трибина на градскиот стадион Билјанини извори, велат од клубот.

Натпреварот е со почеток во  15:00 часот, а влезот е слободен.

OhridNews