Додека останатите тешко се одлучуваат да ги напуштат своите топли и загреани домови и канцеларии, градежните работници неуморно ги извршуваат своите дневни обврски на дел од градилиштата низ градот.

Работниот ден го минуваат во незагреани и отворени простории и штитејќи се од студот со ракавици и капи.

Живата во термометарот денес во Охрид покажува нула степени Целзиусови. Според прогнозите на метеоролозите деновиве ќе се задржи облачното и студено време. Врнежи од снег се очекуваат во сабота, кога максималната температура ќе се движи од -2 до 1 степен, додека пак минималната ќе падне и до -8 степени Целзиусови.

OhridNews