На средбата помеѓу градоначалникот на општина Охрид Александар Петрески со делегацијата на Регионалниот Одбор на СОНК Охрид, предводена од претседателот Аце Речкоски, одржана вчера на барање на синдикатот, бил постигнат финален договор да се овозможи бесплатен годишен превоз на просветнита работници од охридските основни и средни училишта кои патуваат  над 3 км. до работното место.


-Градоначалникот го потпиша и го одобри барањето на Регионалниот СОНК , односно на 159 вработени  просветари за  доделување на годишни беспалтни билети на секој од вработените кои се членови на СОНК, кои сега ќе можат бесплатно да патуваат до своето работно место, информираат од Регионалниот СОНК.

Годишните билети  се веќе во постапка на изготвување и се очекува согласно одредената динамика да бидат доставени до наставниците најдоцна до петок, 28 септември, а истите ќе почнат да важат од први октомври 2012.


На средбата синдикатот добил ветување од градоначалникот дека до септември 2013 година, вработените во охридските училишта ќе добијат зголемување на платите за 10 проценти.

OhridNews
фото: Дим Дон