Ракометарите на Охрид вечерва го играат првиот натпревар од 3-то коло од ЕХФ Европскиот Куп со Слога Добој. Средбата ќе се одигра во спортската сала „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот.
Охрид во првото коло беше слободен, а во второто славеше две убедливи победи над Баки од Азербејџан. Слога Добој е далеку поквалитетен состав на што укажуваат и стручниот штаб и играчите на Охрид. Во редовите на домаќинит владее оптимизам пред мечот со Слкога Добој, но простор за опуштање нема, потребен е максимален фокус и залагање за да се постигне целта, истакнуваат од клубот.
Играчите да не се опуштаат по победата над Алкалоид, а навивачите до крај да ја исполнат салата „Билјанини извори“ и ви ветувам висок пласман во евро-купот, изјави тренерот на Охрид Борис Ројевиќ.
Реванш натпреварот се игра во Добој, Босна и Херцеговина, идната сабота, 22 ноември.
Г.М.















