Според информациите од регионалната Дирекција за управување со кризи, коловозите во Охрид и околината во целост се исчистени од снег и се проодни. Сообраќајот се одвива без поголеми проблеми, иако поради појавата на голомразица во вечерните часови се советува внимателно возење.

Засега, непрооден е единствено патниот правец кој води до месноста Корита , кој и покрај најавите, не беше исчистен од страна на ЈП Македонија пат, надлежно за негово одржување.

Чисти се и патиштата во Струга и струшко, со исклучок на неколку планински села во Малесијата, до кои воопшто не може да се стигне поради обилните снежни наноси.

OhridNews