Учениците од денеска почнуваат на училиште со физичко присуство. Ослободени од физичка настава може да бидат ученици со ретки болести или попречености, деца од семејства со хронични болести, по барање од родителите, како и од други немедицински причини, а дозвола ќе даде училиштето. Во Охрид наставата со физчко присуство ќе се одвива во сите училишта.

Сите училишта во Општина Охрид се целосно подготвени за започнување на наставата. Набавени се дезинфекциони средства согласно протоколите за заштита од Ковид 19. Извршено чистење и дезинфекција на училишните објекти. Поставени се соодветни информации за заштита, извршено е обележување на ходничните простории и подготовка на училниците. Училиштата се технички опремени со нови компјутери и поставена е нова мрежа за интернет. Реализирани се низа реконструктивни зафати во сите училишни објекти, напиша градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески на фејсбук профилот.

Во тек е набавка на нагледни средства согласно новиот концепт за I и IV одделение, во вредност од 3 милиони денари, се додава во објавата.

OhridNews