
Организаторите очекуваат еколошките друштва и граѓаните масовно да се вклучат во акцијата и на тој начин на дело да се покаже грижата за здрава и чиста животна средина.
За сите учесници во акцијата, ЈП „Охридски Комуналец“, ќе обезбеди кеси и ракавици.

По повод Светскиот ден на животната средина општината испечати и поголем број флаери и маици со цел да се влијае на подигнување на еколошката свест на граѓаните.











