Спортска сала „Билјанини извори“

Од 12.02.2022 - 18:00 до 12.02.2022 - 20:00

Ракометарите на Охрид, во сабота, 12-ти февруари во рамки на 20 коло од Супер лигата, ќе ја пречекаат екипата на Тинекс Пролет на домашен терен, која е директен конкурент на „гладијаторите“ за пласман во плејофот.

Натпреварот е со почеток во 18:00 часот, а влезот е слободен.

Со победата на ГРК Охрид над екипата на РК Бутел, бодовно се израмни на табелата со шестопласираниот Пролет. Двете екипи со по 28 бода се на делба на 6 место, последно кое води во плејофот.

OhridNews