15 годишниот Илија Јосифовски боледува од леукемија и итно му се потребни средства за лекување во странство. Сите хумани луѓе можат да му помогнат присуствувајќи на големиот хуманитарен концерт, кој ќе се одржи под мотото Сите заедно да му помогнеме на Илија, во недела 10 април во Центар за култура “Григор Прличев”.


На него ќе учествуваат голем број музички групи и пеачи. Меѓу нив и групата Некст тајм, Мартин Србиновски, Дарко Илиевски, Денис Мурат, Ѓоко Танески, групата Камелеон, Жармена и многу други. 

OhridNews