Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити ја забележа 12. победа во серија во Премиер лигата, откако попладнево триумфираше во дербито на 22 коло над Челзи со 1:0, со голот на Кевин Де Брујне во 70. минута.

Триумфот го зацврсти Сити на чело на табелата со 56 бодови, 13 повеќе од второпласираниот Челзи, а 14 од третиот Ливерпул, кој има одиграно два натпревари помалку.

Раководството на Премиер лигата денеска донесе конечна одлука да го одложи утрешното дерби на северен Лондон меѓу Тотенхем и Арсенал, на барање на гостинскиот тим, кој пријави дека поради повредени и заразени со коронавирусот нема доволен број здрави фудбалери за одигрување на натпреварот.

 

OhridNews