Англискиот прволигаш Манчестер сити во петокот го објави својот нов спонзор – авиокомпанијата од Абу Даби – „Етихад Аирвејс“, според која од денеска ќе се нарекува стадионот во Манчестер на кој настапуваат „граѓаните“.
Притоа, екипата прва во светот доби сопствен авион од типот „Ербас А-330“. Авионот ќе биде бојадисан во светлосините бои на клубот, а ќе биде на располагање на гостувањата на Манчестер сити надвор од Англија.
Инаку британските медиуми шпекулираат дека „Етихад Аирвејс“ на Сити ќе му даде околу 241 милион долари во наредните десет години, што е еден од најдобрите спонзорски договори во историјата на англискиот фудбал.
Оваа воздухопловна компанија е во сопственост на шеикот Мансур буин Зајед ал-Нахјана, кој е воедно е и мнозинскиот сопственик на Манчестер сити.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com