Манчестер Сити минимално со 1-0 го совлада Манчестер Јунајтед и се искачи на врвот во Премиер лигата. Стрелец на победничкиот гол во финишот на првиот дел беше капитенот на “граѓаните“, Винсент Компани. Тој одлично реагираше по ударот од аголот на Давид Силва.
Бранителот на трофејот не го одигра шампионски одлучувачкиот меч. Не успеаа “црвените ѓаволи“ да го наметнат својот ритам, многу малку креираа, влегоа во шемата на Манчини по која се радуваше “синиот“ дел од Манчестер.
Сити и Јунајтед имаа по 86 бода и само благодарение на подобрата гол разлика “сините“ се на врвот на табелата. Во последните две рунди, Сити гостува кај Њукасл, и на домашен терен го пречекува КПР.
Манчестер Јунајтед на домашен терен игра против Своноси, додека во последната рунда гостува кај Сандерленд.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...