Манчестер Сити во градската пресметка го преслуша шампионот на Англија, Манчестер Јунајтед победувајќи го со убедливи 4-1.

Избраниците на менаџерот на Дејвид Мојeс на „Етихад“ не наликуваа на себе, а тоа фудбалерите во сини дресови го искористија постигнувајќи четири погодоци. Два пати прецизен беше Кун Агуеро, а по еднаш Самир Насри и Јаја Туре. Мала утеха за навивачите на „црвените ѓаволи“ беше велемајсторскиот погодок на Вејн Руни од слободен удар.

Резултати : Мен Сити – Мен Ју 4-1, Арсенал – Стоук 3-1, Кристал Палас – Свонси 0-2, Кардиф – Тотенхем 0-1.

Табела : Арсенал 12, Тотенхем 12, Мен Сити 10, Челси 10, Ливерпул 10…

Мх.П.