Со натпреварите од 28-то коло, викендов ќе продолжат возбудувањата во
англиската Премиер лига. Најпривлечниот натпревар, во понеделник, во
Лондон, ќе го одиграат Арсенал и Њукасл.Лидерот на табелата Манчестер Сити, по поразот во Лисабон од Спортинг,
во Лига Европа, се соочува со гостување кај Свонси, екипа која може
секумо да му створи огромни проблеми.

Манчестер Јунајтед, за поразот од Атлетик Билбао, ќе се обиде да се рахабилитира на натпреварот со ВБА. Тотенхем, серијата од два порази, против Арсенал и Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ја прекине на „Гудисон Парк“ кај Евертон. Челзи, на чија клупа со победа дебитираше новиот менаџер Ди Матео, на домашен терен за противник ќе го има Стоук.

Двојки :  Болтон-КПР, Астон Вила-Фулам, Челзи-Стоук, Санделенд-Ливерпул, Вулверхемптон-Блекбурн, Евертон-Тотенхем,  Манчестер Јунајтед-ВБА, Свонси-Манчестер Сити, Норвич-Виган, Арсенал-Њукасл.

Табела: 1. М.Сити 66, 2. М. Јунајтед 64, 3. Тотенхем 53, 4. Арсенал 49, 5. Челзи 46…

Извор “Макфакс“
Ohridnews