Манчестер Сити во летниот преодон рок ќе се обиде да купи шпанскиот репрезентивец Иско, кој настапува во Реал Мадрид, а пак Самир Насри ќе замине во Јувентус.


Фудбалерот за врска со 22 години преставува еден од најдобрите везни играчи во светот, а менаџерот на „граѓаните“ Мануел Пелегрини го сака во својот состав.

Од евентуалниот трансфер на Иско на „Етихад“ излезната врата ќе му биде покажана на Самир Насри, кој се очекува да премине во италијанскиот шампион.

Иско е миленик на публиката на „Сантијаго Бернабеу“. Навивачите ги исвиркаа Карло Анчелоти кога на дуелот со Виљареал одлучи да го извади Шпанецот од игра затоа и трансферот ќе биде тешка одлука на „кралевите“.

Ohridnews