Расплетот во Премиер Лигата, беше драматичен. Шампионот се решаваше во последните секунди, како и борбата за третата и четвртата позиција. Сезонава во англиската лига е најефикасна од оформувањето. Победничкиот гол на Агуеро беше 1065, просекот за голови по натпревар е 2.81.


Сити со два погодоци во судиското продожение ја освои третата премиерлигашка титула. Манчестер Јунајтед, заедно со првакот Сити, Арсенал и Тотенхем наредната сезона ќе се натпреваруваат во Лигата на Шампиони. На овие четири екипи, ќе му се придружи Челси ако в сабота триумфира во финалето со Баерн Минхен.


Њукалс, Ливерпул и Челси ако не победи со Баерн Минхен во финалето ќе се натпреваруваат во Лигата на Европа. Екипите кои влегоа во Премиер Лигата сезонава, КПР, Норвич и Свонси се спасија од испаѓање. Од најсилната англиска лига се простија, Вулверхемтпон, Блекбурн и Болтон.


Најдобар стрелец во Премиер Лигата е холанѓанецот Робин Ван Перси со 30 голови, зад него со 27 е Вејн Руни додека трет е Серхио Агуеро со 23.

Пласман во Премиер Лигата обезбедија Саумптенон и Ридинг. Третиот патник во елитното друшто ќе се придружи по дуелот на Вембли, Блекпул – Вест Хем.

Мх.П.