Манчестер Сити на домашен терен освои бод но загуби два драгоцени бода во трката за титулата со градскиот ривал Манчестер Јунајтед. “Граѓаните“ на Етихад одиграа фантастичен натпревар со Сандерлен кој заврши 3-3. 

По првиот дел “црните мачки“ имаа предност од 2-1. Ларсон и Бентднеер ја затресоа мрежата на Харт, Балотели од пенал погодо за Сити. Ларсон со вториот гол на мечот зголеми на 3-1. Балотели и Коларов за само две минути ја анулираа преднсота на Сандерленд но тимот на Сити немаше сила за несекојдневен подвиг. 
Резултати : Манчестер Сити – Сандерлен 3-3, КПР – Арсенал 2-1, Астон Вила – Челси 2-4, Евертон – ВБА 2-0, Фулам – Норвич 2-1, Виган – Стоук 2-1, Вулверхемтон – Болтон 2-3.
Табела : Мен Ју 73, Мен Сити 71, Арсенал 58, Тотенхем 55, Челси 53 . . 
Мх.П.